Европската перспектива на Македонија нема да биде отфрлена

Брисел, 23 април 2014 (МИА) - Поранешниот претседател на Еврогрупата и екс-премиер на Луксембург, Жан-Клод Јункер, денеска на прес-конференција во Брисел, промовирајќи ја кандидатурата за иден претседател на Европската комисија, потврди дека европската перспектива на Република Македонија нема да биде отфрлена во иднина.

Одговарајќи на прашањето на дописникот на МИА од Брисел, Јункер како најверојатен иден прв човек на Еврокомисијата, со оглед на тоа што е кандидат на најсилната партија во Европскиот парламент - Европските народни партии (ЕПП), ја потврди јасната ЕУ-перспектива на нашата земја, но и дека во наредните пет години, ниту една земја нема да стане нова членка на Европската унија.

- Не сум сугерирал дека на проширувањето на Унијата му е потребна пауза. Напротив, преговорите треба да продолжат. Но, како и многу мои колеги од Европскиот совет, Европската комисија и од Европскиот парламент, мислам дека нема да има ново проширување во следните пет години, посочи Јункер во одговорот на прашањето од дописник на МИА од Брисел.

- Тоа не значи дека европската перспектива на земји како вашата и останатите Балканските земји ќе биде отфрлена. Не го велам тоа, туку само дека нема да има ново приклучување кон ЕУ во следните пет години. Ама, повторувам дека пристапувањето кон Унијата треба да продолжи, додаде Јункер, одбивајќи да го изговори името на нашата земја, како и да каже што тој би сторил како иден претседател на Комисијата за да се почитуваат препораките на оваа институција до Европскиот совет и Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Според последните анкети на мислењето во 28-те земји-членки на Унијата, на престојаните избори за 751 член на Европарламентот, ЕПП што го кандидира Јункер за челник на неформалната Влада на Унијата, повторно ќе биде победник. Тоа значи дека искусниот луксембуршки политичар најверојатно ќе го превземе местото на Жозе Мануел Барозо, а според шпекулациите, дури и да не се случи такво нешто и неговиот против-кандидат од таборот на европските социјал-демократи, Мартин Шулц, да стане прв човек на Еврокомисијата, во тој случај Јункер, како кандидат на германската партија ЦДУ на Ангела Меркел, ќе го превземе претседателското место во Советот од страна на Херман ван Ромпуј.

Инаку, на неговата денешна промоција во Брисел, Јункер истакна дека за 30 дена, повеќе од 300 милиони европски граѓани ќе гласаат во сите 28 ЕУ-земји за директно да изберат 751 членови на Европскиот парламент, но и според Лисабонскито договор - нов претседател на ЕК, со оглед на тоа што главните политички партии на ливчињата за гласање ги ставаат и имињата на нивните кандидат за ова место.

- Следниот претседател на Комисијата ќе мора најпрво да го предложи Европскиот совет, со квалификувано мнозинство, а по увидување на резултатите од изборите за ЕП, а потоа 376 членови на Европарламентот да гласаат за него. Кандидатот на политичката групи што ќе биде најсилна во следниот состав на Европарламентот, треба да биде следен претседател на Еврокомисијатa. Се друго ќе биде против демократскиот процес оти е крајно време европските граѓани да видат дека ЕК е водена од избрани политичари, а не од неизбрани бирократи, истакна Јункер.

Кандидатот на ЕПП ги истакна и своите пет приоритети како иден челник на Европската комисија. Според Јункер, тоа е најпрво политиката на создавање нови работни места и економски раст во центарот на следното дeлување на ЕК и генерирање на нови 500 милиони евра за оваа цел. Како втор приоритет, екс-премиерот на Луксембург посочи дека ќе биде реформирањето и реорганизацијата на европската енергетска политика во нова европска енергетска унија, со акцент на тоа дека ако е прескапа енергијата што се добавува од Истокот, ЕУ да може да најде нови добавувачи. Трет приоритет на кандидатот на европските демохристијани ќе биде да преговара за разумен и балансиран трговски договор со САД, додека четврти приоритет му е реформа на монетарната унија, пред се нејзината социјална димензија. Петти приоритет на Јункер, ако стане претседател на неформалната Влада на Европската унија, според него ќе биде да најде одговор за, како што вели „британското прашање”, што значи како да се задржи Велика Британија во ЕУ, а без да се бара од неа да влезе во Еврозоната или Шенген-зоната.

Изборите за Европски парламент во ЕУ-земјите ќе се одржат меѓу 22 и 25 мај, а сегашниот состав на Европската комисија има мандат до крајот на октомври оваа година, по што ќе ги заменат други еврокомесари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...