Нова украинска инвестиција од 18 милиони долари и 150 нови работни места

Скопје, 23 април 2014 (МИА) – Нови 150 вработувања ќе донесе новата украинска инвестиција на компанијата „Енергија“ Лтд. од Киев, која се занимава со производство на иновативни технологии за прочистување на вода.

Компанијата веќе има регистрирано фирма во Македонија во февруари годинава и во моментот се завршуваат проектантските активности околу изградбата на објектот којшто треба да биде изграден на површина од околу 20.000 метри квадратни во Технолошко-индустриската зона Скопје 2.

Инвестицијата на својот Фејсбук профил денеска ја најави премиерот Никола Груевски.  

- Честитки до граѓаните, нова инвестиција од 18 милиони долари, нови 150 директни вработувања. И ова е разликата која ти ја препознаваш, напиша Груевски на Фејсбук.

Директорот на Дирекцијата на технолошко-развојните зони Виктор Мизо изјави дека за компанијата веќе е обезбедена локација од околу осум хектари во непосредна близина до фабриката на „Ванхул“.

- Она што е важно дека тие планираат почетокот на градба да биде во втората половина на оваа година и компанијата треба да започне со работа кон средината на идната година, рече Мизо, додавајќи дека покрај директните вработувања инвестицијата ќе донесе и околу 50 индиректни.

Вкупниот обем на годишното производство ќе биде околу 20 милиони евра и целото производство ќе биде наменето за извоз во земјите од Далечниот исток, Америка и Африка. 

Првите контакти со компанијата се остварени уште во 2009 година за време на првата бизнис презентација на македонскиот владин тим во Киев, а потоа во 2010 година е остварен вториот контакт за време на Меѓувладината седница за трговска, економска и научно-техничка соработка кога компанијата најавила генерална определба за инвестирање во Македонија.

- Фокусот на работењето на македонската дипломатија останува и во делот на економијата и привлекувањето инвестиции. Ова е еден позитивен пример дека и дипломатијата може соодветно и конкретно да придонесе во привлекувањето на нови инвеститори, истакна македонскиот амбасадор Илија Исалковски, кој бил директно вклучен во разговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...