Во штипската филтер станица пуштени првите количини техничка вода од Злетовица

Штип, 24 април 2014 (МИА) - Во Филтер станицата во Штип денеска се тестираше приемот на техничка вода  од хидросистремот „Злетовица“.

Како што информира раководителот на филтер станицата Тања Глигорова, наредната недела ќе почне и пуштањето вода од Злетовица низ водоводниот систем низ градот со претходно хемиско третирање.

- Се очекува во текот на идниот месец да заврши тестирањето и да почне редовното дистрибуирање, односно снабдување со вода од „Злетовица“, рече Глигорова.

Според градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев, обезбедувањето на водата од „Злетовица“ е многу значајно за развојот на градот во кој се зголемува бројот на жителите и се градат станбени и стопански објекти.

- Покрај она што го имаме како бунарско решение од Брегалница, изградбата на „Злетовица“ и на браната Кнежево веќе ја гледаме преточена во дело. Денеска конечно потврдуваме дека цевководот кој е поставен од Злетово до Штип функционира. Пристигнуваат 250 литри вода во секунда и целиот систем е одлично воспоставен, изјави Захариев.

Општина Штип со дистрибуцијата на вода од Злетовица, од мај годинава долгорочно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...