Македонија донира помош за Србија и БиХ

Институции, општини,  невладини организации, приватни компании и граѓани во Македонија со различни донации се вклучија во активностите помош на жителите од поплавените подрачја во Србија и во БиХ.

На повеќе пунктови  во Скопје и во останатите градови во државата граѓаните донираат најпотребни производи за помош - храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење.  Преку СМС на отворените линии на мобилните оператори  до денеска напладне се собрани 40.000 евра помош. Сите граѓани и корисници на мобилни комуникациски услуги во Македонија може да донираат по 100 денари со повик на 070 143 400 од мрежата на Т-Мобиле,  077 143 400 од мрежата на ВИП и 075 143 400 од мрежата на ОНЕ.

Секоја од општините, во координација со Црвениот крст, организира  хуманитарни акции за донации, а голем број приватни компании испраќаат пратки со вода.

Согласно одлука на Владата, во првата интервентна фаза за помош на  поплавените подрачја се испратени 75 специјалисти за поплави од министерствата за внатрешни работи и одбрана и од Дирекцијата за заштита и спасување, 45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, девет чамци, 3.000 ќебиња и поширока палета на лекови.

Дополнително е овозможена помош со транспортен хеликоптер МИ-17 опремен со екипаж со специјални единици кои го опслужуваат за да се помогне во насока на справување со поплавите, како и испорака на електрична енергија. Србија од Македонија во наредните денови ќе добие и електрична енергија од 80 мегавати секој час.

За помош  во поплавените подрачја во Србија изутрината замина чета од Единицата за специјални задачи „Тигар” обучена за спасување и помош во кризни ситуации.

Македонскиот премиер Никола Груевски во телефонски разговор со претседателот на српската Влада Александар Вуќиќ истакнал дека Македонија во секој момент и во најбрз можен рок е подготвена за давање помош на Србија во рамки на нејзините ресурси и можности.

Двајцата премиери, како што информираат од владината прес-служба, договориле натамошната комуникација и координација за сите потребни активности да ја преземат македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...