Осветена новата црква Св. Јован Крстител во Аеродром

Со голем црковно-народен собир денеска беше осветен и отворен новиот црковен храм „Св. Јован Крстител“ во општина Аеродром, изграден со донација на градежната компанија Адора Инженеринг и ктиторот Ванчо Чифлиганец.

Осветувањето го изврши поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан со митрополитите: брегалнички Иларион, тетовско-гостиварски Јосиф, кумановско-осоговски Јосиф, епископот Хераклејски Климент и повеќе свештеници на МПЦ, во присуство на ктиторот Чифлиганец, градоначалници, претставници на државните институции, бизнис личности и голем број православни верници и граѓани на Скопје и Македонија.

Архиепископот Охридски Македонски во знак на благодарност на ктиторот Ванчо Чифлиганец му додели орден Свети Климент Охридски од Прв ред, највисоко признание на МПЦ, а ктиторот Чифлиганец на г.г. Стефан симболично му го предаде клучот од црквата Свети Јован Крстител и позлатен орден.

Новиот храм „Св. Јован Крстител“, кој две години се градеше на атрактивна локација, во паркот со авион во општина Аеродром, на кејот на реката Вардар, е петкуполна црква со специфична, древна архитектура, а во комплексот има камбанарија, фонтана и парк. Во црквениот комплекс има камбанарија висока 18.5 метри, фонтана во облик на крст со три водоскоци, природен камен стар 25 милиони години тежок 15 тони, донесен од рудникот Бучим во Радовиш а дворот е партерно и хортикултурно уреден со места за одмор на посетителите.

Црквата за која е објавена книга на македонски и англиски јазик е ново препознатливо обележје на општина Аеродром. Свеченото отворање на црковниот храм беше збогатено со културно уметничка програма со настапи на познати имиња од црковната, народната и забавната музика.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...