Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Дубровник, 15 јули 2014 (МИА) – Нерешениот проблем со името и идентитетот меѓу Македонија и Грција е товар за нас, истакна германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Дубровник пред учесниците на состанокот на лидерите од „Брдо-Бриони процесот“.



Додаде дека мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија.

Таа, јави известувачот на МИА, е оптимист дека може да се најде решение за тоа прашање. - Мислам дека може и мора некако да го решиме тоа. Јас лично се вклучив во тоа и размислував за сите можни комбинации за името, но некогаш мислам дека не постои ништо повеќе што може да се измисли, рече Меркел.

Германија, како што подвлече, е подготвена на конструктивна соработка за решавање на ова прашање, но додаде дека без компромис не се може. - Во Германија велиме „компромис е кога сите вклучени се еднакво незадоволни“. Кај компромис не може да очекувате дека се ќе заврши со среќен крај за сите. Но, кога сите се еднакво незадоволни, тоа е фер компромис. Мора на некој начин да се постигне Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија, истакна германската канцеларка пред осумте лидери од Југоисточна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели:
- Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...