Нови преговори Груевски - Заев

Шпекулации кружат деновиве во политичките кругови за тоа како би можел да се одмрзне политичкиот дијалог меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и за тоа што се` било ставено на маса на средбата меѓу Груевски и Заев.

Се споменуваат и раководните позиции во Државниот завод за ревизија, антикорупциската комисија и во Советот за радиодифузија. Од владејачката партија изречно велат дека овие информации доаѓаат од опозицискиот СДСМ и дека станува збор за обид да се покаже дека ВМРО-ДПМНЕ би прифатил и нереални барања. Наспроти ова, партијата на Заев и натаму инсистира на петте барања кои лидерот ги изнесе на средбата со Груевски, особено потенцирајќи дека не се откажуваат од клучното барање за техничка влада.

Според ВМРО-ДПМНЕ, всушност, станува збор за идеја што ја изнел Заев на средбата со Груевски, а сето тоа во рамките на барањето за техничка влада, што било одбиено од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата на Груевски се децидни дека ќе нема разговори се` додека Заев инсистира на техничка влада и ќе нема средба меѓу двајцата лидери додека нема политички договор. Очекувањата се дека за дијалогот може да помогне и посредникот од Белгија да посредува за раздвижување на политичкиот дијалог. Официјално, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека информациите во јавноста за ДЗР и слично во јавноста ги пушта СДСМ и оти ги разбираат како неприфатлива уцена.

За СДСМ, пак, не инструментите, туку темите вклучени во преговорите се суштината во процесот. Сите пет точки од пакетот што СДСМ ги извади на преговарачката маса се еднакво важни за партијата, а особено техничката влада, без која опозицијата нема намера да преговара.

Сепак, барањето за раководни позиции во Државниот завод за ревизија, антикорупциската комисија и во Советот за радиодифузија, неофицијално, се дел од предлозите што СДСМ ги ставил на маса и тоа во делот за одвојување на партијата од државата. Од опозициската партија велат дека овие барања во никој случај не значат замена на нивното барање за техничка влада



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...