Демонстрантите од протестите за „Монструм“ пред суд

Скопје, 21 јули 2014 (МИА) - Во Основниот суд Скопје 1 денеска започна судењето на осумтемина демонстранти кои протестираа на 4  јули во Скопје, поради пресудата за случајот „Монструм“.

Јавното обвинителство ги товари  лицата Ф.З., А.Р., М.Б., Р.В., А.А., Е.И., И.М., и Р.Б. за насилство на протестите кон полициски службеници во кои повредиле 20 полициски службеници од кои четворица со тешки телесни повреди, како и за оштетување на имотот на Основниот суд Скопје 1 и Основниот суд Скопје 2 во вкупна вредност од над еден милион денари.

Одбраната и обвинетите ги отфрлија обвиненијата. Обвинетите се изјаснија дека не се виновни, а одбраната смета дека обвинителство нема цврсти докази против обвинетите и оти некои од обвинетите лица воопшто не се наоѓале на местото на настанот, додека дел од нив биле само физички присутни во околината и мирно протестирале.

Судскиот процес за осумтемина демонстранти продолжува утре.

За случајот „Монструм“ шестмина од обвинетите добија доживотни затворски казни поради обвиненија за тероризам за петкратнотото убиство кај Смилковско Езеро. Пред две години, пред Велигден, беа убиени четири момчиња и еден возрасен човек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...