Заврши „Пивофест“ во Прилеп, организаторите задоволни

Прилеп, 21 јули 2014 (МИА) - „Пивофест“ во Прилеп заврши во раните утрински часови, а организаторите денеска изразија задоволство од целата организација и посетеноста.

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески на прес-конференција истакна дека фестивалот бил одлично организиран и имало гости од земјата и странство.

- Овој 12-ти „Пивофест“ е досега најдобро организиран и најпосетен. Изразувам благодарност до сите институции кои се погрижија четирите фестивалски дена да помине се во најдобар ред. За ова заслужни се комуналните служби кои ја одржуваа чистотата, полицијата и противпожарните единници кои се грижеа за безбедноста, како и инспекциските служби и службите при локалната самоуправа кои го понесоа најголемиот товар. Благодарност и до гостите што ја посетија манифестацијата и до прилепчани кои уште еднаш покажаа дека се гостољубиви, рече Ристески.

Тој додаде дека допрва ќе се сумираат податоците за изедена скара, испиено пиво и за посетеноста.

-  Само синоќа имаше околу 100.000 посетители. На „Пивофест“ имаше гости од целата држава, од Балканот и од светот. Задоволство беше да се видат Кинези како играат македонско оро. Тука беа нашинците од прекуокеанските земји кои својот одмор го врзуваа токму кога се одржува Пивофест, подвлече Ристески.

Фестивалот функционира со вообичаен буџет од 150.000 евра. Седумдесет проценти од средствата ги покриваат пиварниците - учесници и стопанските субјекти.

- Факт е дека економијата во овој летен период живнува со фестивалот. Огромна посетеност имаше сите фестивалски вечери, а гостите ги разгледуваа и културните знаменитости, подвлече Ристески.

Тој нагласи дека „Пивофест“ е на светската мапа на ваков вид фестивали, а градот е туристички атрактивен.

- Со гордост, „Пивофест“ се носи со реномираните светски фестивали во Германија, Чешка, Полска, Холандија. На светската мапа е на ваква туристичка атракција, а Прилеп е потврден како фестивалски град. Покрај „Пивофест“, веќе во август ќе го имаме џез фестивалот, карневалот, културните летни манифестации кои го привлекуваат вниманието на посетителите, рече Ристески.

За водителот и учесник на фестивалот Игор Џамбазов, кој прв пат е во двете улоги, „Пивофест“ е настан за респект.

- На фестивалот, како што беше се добро организирано сите четири дена, всушност и не му треба водител. Во секој случај голем одек имаше и мојот настап со бендот, рече Џамбазов.

Во Прилеп веќе почнуваат подготовките за следното издание на „Пивофест“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...