До 25 литри дожд на метар квадратен во североистокот

Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во попладневните часови ќе има поинтензивни процеси со услови за појава на невреме со град и силни електрични празнења, особено во северните и североисточните делови каде се очекува да наврнат повеќе од 25  литри дожд на метар квадратен. Преку денот ќе дува умерен ветер од јужен правец кој во Повардарието повремено ќе се засилува.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во Скопје во попладневните часови ќе има услови за локално невреме со град, силен ветер и силни електрични празнења. Температурата ќе достигне до 30 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа се наврнати 13 литри на метар квадратен во Скопје на Зајчев Рид, 12 во Куманово, три во Крива Паланка, Тетово и во Дебар, два во Маврово и еден литар на метар квадратен во Скопје - Петровец и во Штип. Во другите места каде што се врши мерење наврнатите количини се помалку од литар или, пак, немало врнежи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...