Кривична пријава за скопјанец за силување соседка

Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - СВР Скопје поденесе кривична пријава против М.Л.(27) од Скопје, поради основано сомневање дека извршил кривично дело „силување“ врз 44-годишна соседка, која пред извршувањето на кривичното дело, грубо физички и психички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото.

Како што информира МВР, настанот се случил ноќта на 18 јули во домот на жртвата во Скопје, каде како соседи кои меѓусебно се познават, живеат сторитетелот и жртвата.

- Во критичното време оштетената била сама дома и гледала телевизија и сите врати и прозорци од куќата биле затворени, освен еден прозорец од кујната. Околу, 01 часот, таа се упатила кон кујната, каде и била нападната од М.Л., кој влегол преку отворениот прозорец и пришол позади грб и затворајќи и ја устата со рака ја одвлечкал во спалната соба. Таму прво околу 30-тина минути психичи и физички ја малтретирал, нанесувајќи и телесни повреди по главата и телото, а потоа присилно извршил обљуба врз неа, соопшти МВР.

За цело време додека траела обљубата, се нагласува во соопштението, М.Л. и ја држел устата затворена со рака, а со другата ја давел. По речиси 40-минутното, психичко, сексуално и физичко малтретирање, пријавениот не си заминал, а жртвата успеала да го убеди да ја пушти да оди во тоалет, на што се согласил, а таа го искористила моментот и преку надворешните скали од куќата се качила кај мајка и, која живее на првиот спрат од куќата, од каде повикале полиција.

По пријавувањето пристигнале полициски службеници од СВР Скопје, кои криминалистичко технички го обработиле местото на настанот, а целокупниот подигнат материјал е предаден на вештачење.

Во моментот додека жртвата телефонски го пријавувала настанот, видела дека М.Л. бега, но по кусо време тој е пронајден и лишен од слобода од страна на полициски службеници на Единицата за прв одговор и интервенција-АЛФА.

М.Л. и претходно е кривично пријавуван како сторител на деликти проследени со насилство, имотни деликти, нарушувања на јавниот ред и мир, како и сообраќајни прекршоци предизвикани од управување под дејство на алкохол.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...