Седница на Комисијата за економски прашања

Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - Матичната собраниска Комисија за економски прашања на денешната седница го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и водење на трговски регистар и регистар на други правни лица, во прво читање, и едногласно и без расправа заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

Целта на измените, како што појасни државниот секретар во Министерството за економија Анче Трифунов, е да се допрецизира и доуреди текстот на законот заради подоследна примена од страна на субјектите.

- Се врши допрецизирање со тоа што се дава можност за пријавите за упис на адреса на електронско сандаче поднесени од страна на субјектите до крајот на годинава, да им се евидентира без надоместок. Понатаму се определува дека изјавата за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи е задолжителен прилог кон секоја годишна сметка и финансиски извештај потпишани од застапникот по закон. Ако се предадат во хартиена форма изјавата и финансискиот извештај се потпишуваат нормално, а ако се поднесуваат во електронска форма се потпишуваат со електронски потпис, рече Трифунов.

Предлогот не предизвикува фискални импликации врз Буџетот на Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...