Ричард Гир на „Џифони искуство“ во Италија

Џифони, 22 јули 2014 (МИА) - Холивудската ѕвезда Ричард Гир попладнево пристигнува на најголемиот филмски фестивал за деца и млади „Џифони искуство“ во Италија.

Според вообичаената фестивалска агенда за ексклузивните гости, мега популарниот Гир, јави известувачот на МИА, најпрво ќе одржи прес-конференција, а потоа ќе се појави на синиот тепих во палатата Цитадела. Посетата ќе ја заврши со разговор со меѓународното жири што е традиција на „Џифони искуство“. Секој член на жирито составено од деца и млади од сите 43 земји учеснички, има право да му постави прашање.

Друг не помалку атрактивен гостин на фестивалот е и Алан Рикман, лошиот професор Снајп од филмот „Хари Потер“, чие доаѓање е најавено за утре.

Како што изјави директорот на фестивалот Клаудио Губитози, годинашново 44 издание кое се одржува под мотото „Биди различен“, ги собори досегашните рекорди на посетеност. Само вчера „Џифони искуство“ дошле да го видат преку 30 илјади гости.

Фестивалот го следат новинарски екипи од преку 40 земји, а новитет е тоа што клучните настани се пренесуваат во живо. Гледаноста по настан надмина три милиони.

Од денеска на „Џифони искуство“ присуствува и македонска делегација предводена од директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески. Учеството на нашите деца и млади кои се трипати побројни во меѓународното жири од стандардните екипи на другите земји, го поддржаа Министерството за култура и Агенцијата за филм во соработка со „Џифони Македонија“ и „Џифони искуство“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...