Скопје, 22 јули 2014 (МИА) - Васко Наумовски, идниот амбасадор на Република Македонија во САД, со одлука од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е поставен на должноста специјален пратеник на претседателот во разговорите за разликата околу името кои се водат под покровителство на ОН.
Во соопштението вечерва од кабинетот на претседателот Иванов, се посочува дека досегашната функција специјален пратеник на претседателот во разговорите за името ја извршуваше Зоран Јолевски. Јолевски во новиот владин состав е именуван за министер за одбрана.