Откриен убиецот на 90-годишниот велешанец

Скопје, 23 јули 2014 (МИА) - Четириесет и осумгодишниот бездомник З.Д. од Велес е осомничен за убиството на 90-годишниот Јован Ц. од Велес, чие тело беше пронајдено минатата недела во кругот на СОУ „Кочо Рацин“ во Велес.

По неколкудневна интензивна истрага, врз основа на обезбедени оперативни сознанија и информации, поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“, СВР Велес го приведе велешанецот З.Д. (48).

Како што информираат од полицијата, според првичните сознанија убиството се случило на 17.07 околу 17:00 часот во дворот на велешката гимназија при што осомничениот кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала, а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на Јован Ц. земал околу 200 денари и заминал.

Од полицијата информираат дека по приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. З.Д. вчера попладне беше изведен пред надлежен судија на претходна постапка од Основниот суд во Велес, кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа. По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...