Иванов се сретна со Наумовски и Јолевски

Скопје, 23 јули 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот пратеник на Република Македонија за разговорите меѓу Република Македонија и Република Грција за надминување на разликата околу името под покровителство на Обединетите нации.

На средбата, соопшти Кабинетот на Иванов, Наумовски беше запознаен со досегашните активности во рамки на процесот што се води под покровителство на ОН.

Претседателот Иванов му посака успешно вршење на должноста, а на Јолевски му се заблагодари за севкупниот негов досегашен ангажман и за сите остварени активности како пратеник во разговорите за разликата околу името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...