Во Велес нема болни од бактеријата листерија

Велес, 23 јули 2014 (МИА) - Според информацијата од ЈЗУ Центарот за јавно здравје во Велес, засега кај нив не е регистрирано ниту едно лице од Велес и поширокиот велешки регион заразено со бактеријата листерија.

- Тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат внимателни и затоа апелирам да внимаваат што и каде купуваат храна и како ја обработуваат пред да ја консумираат, предупредува епидемиологот д-р Билјана Трајкова.

Што се однесува на заразната жолтица од сите три вида, од почетокот на годинава во Центарот за јавно здравје во Велес се регистрирани само седум случаи. Со хепатит А вироза, а која најчесто се пренесува преку нечистотија во недостиг на вода, но и нечиста храна, годинава имало само три пациенти, а со хепатит вироза Б и Ц кои се пренесуваат преку сексуално заразни болести имало по двајца болни. Регистрирано е и едно лице носител на ХБ сантиген, информира д-р Трајкова. Според неа, ваквата состоја со заразната жолтица оваа и изминатите неколку години во Велес и Велешко е сведена на минимум.

- Тоа се должи на редовното снабдување со вода на велешани, но и се поголемата совест на граѓаните за заштита од овие заразни болести, рече Трајкова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...