Надлежните на терен веднаш по невремето во Ресен, Владата најави помош

Ресен, 23 јули 2014 (МИА) - Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето кое се случи вчера во Ресен, најавувајќи дека Владата ќе ги разгледа можностите да им се помогне на оштетените овоштари.

Вчера, околу 15 часот, Ресен го погоди град со големина на орев и јајце. Според првичните оценки, настрадаа околу 3.000 хектари овошни насади, каде родот е уништен од 30 до 100 отсто.

Заменик министерот Костадиновски при посета на погодените реони посочи дека Владата ќе ги разгледа можностите да им помогне на оштетените овоштари.

- Може да се види дека градот ги уништил посевите, родот што е на садниците и младите садници. Огромна е штетата. Веднаш како Министерство ќе се заложиме комисии да излезат на лице место и да ја утврдат висината на штетите, нагласи заменик Костадиновски.

Додаде дека Владата ќе настојува со детална и темелна анализа на штетата на родот да реагира на соодветен начин. - Сепак, и во ваква ситуација ќе посочам дека овоштарите се повеќе треба да ги користат поволностите што ги дава Владата, а тоа се субвенциите за осигурување на родот кои изнесуваат 60 отсто од вкупната сума и заштитата со мрежи градобијни за која преку ИПАРД Програмата се добиваат 65 отсто субвенции, изјави Костадиновски.

Раководителот на Подрачната единица за земјоделство Сашо Андреевски рече дека според првичните информации околу 70 проценти од овошните насади засадени со јаболка се уништени.

Веднаш по увидoт, Костадиновски и Стрезовски се сретнаа со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за проценка на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен утре ќе ги посетат сите места кои беа зафатени од невремето, а потоа во општината ќе одржат средба со земјоделците, со цел да им се излезе во пресрет и да се изнајдат соодветни мерки за заштита од вакви непогоди во иднина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...