Македонија учесник во програмата „Креативна Европа“

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Република Македонија е официјален учесник во програмата на ЕУ „Креативна Европа“, дизајнирана да го поддржи развојот на културата и креативните сектори како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата која се однесува на периодот од 2014 до 2020 година.


Ова на денешната прес-конференција го истакнаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и евроамбасадорот Аиво Орав.

Пред два дена во Брисел,  амбасадорот на Мисијата на Република Македонија при Европската унија Андреј Лепавцов и Јан Трушчински, генерален директор во Генералниот Директорат за образование и култура на Европската Комисија го потпишаа Договорот за пристапување на Македонија кон оваа програма на Европската унија.

- Со потпишувањето на овој договор Република Македонија и  Министерството за култура, како надлежна институција за спроведување на Програмата, уште еднаш ги потврдија своите заложби  да бидат рамноправни партнери на ЕУ во спроведувањето на нејзината културна агенда и во поддршката на проектите кои се дел од нејзините програми, рече Канческа-Милевска.

Програмата, како што нагласи, ќе ја зачува и промовира културната и јазичната разноликост и ќе ја зајакне конкурентноста на културниот сектор и креативните сектори. Буџетот на „Креативна Европа“ изнесува 1,5 милијарди евра за периодот од 2014 до 2020 година и е наменет за аудиовизулниот сектор, потпрограма медиа, за културните и креативни сектори, потпрограма култура и за меѓународна соработка.

- „Креативна Европа“ ја карактеризира еден нов приоритет, а тоа е развојот на публиката, односно акцентот е ставен на што поголема интеракција со побројна и поразновидна публика-конзументи на културните содржини. Партнерската соработката или копродукцијата меѓу операторите од разни земји останува главна цел и во „Креативна Европа“, а новитет е тоа што првпат можат да учествуваат и соседите на земјите-членки на ЕУ кои ќе потпишат Договори за учество во Креативна Европа, нагласи Канческа-Милевска.

Нашите оператори, како што рече, треба да ја искористат можноста да изградат професионални, партнерски врски со операторите од овие земји во рамките на европските проекти,

Министерката за култура потсети дека Македонија имаше одлични резултати во реализацијата на претходната програма на ЕУ, „Култура 2007-2013“.

Евроамбасадорот Орав потенцира дека програмата „Креативна Европа“ претставува моќен двигател за развојот на поединци и институции кои, како што рече, може да ги реализираат своите европски сништа. Ги повикаа сите културни институции, културни работници, уметници и невладини организации да аплицираат за оваа програма и нејзините потпрограми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...