Фрескоживописување на црквата „Света Троица“ во РосоманРосоман, 24 јули 2014 (МИА) - Во Росоман во тек е фрескоживописување на црквата „Света Троица“, информираше денеска парохискиот свештеник во овој црковен храм на МПЦ-ОА, отец Блаже Петров.
- Во наредниот период треба да се фрескоживописаат околу 600 квадрати површина, а оваа доверлива работа е во рацете на зографот Ванчо Чаушовски со неговото семејство од Берово, соопшти Петров.
Активностите се во организација на Повардарската Епархија при МПЦ-ОА, а тие треба да завршат во 2016 година.
|