Собранието прифати пет законски решенија во прво читање

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Собранието на Република Македонија во рамките на денешната работа по дневниот ред на 10-та седница го разгледа Предлог законот за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, во прво читање, и едногласно заклучи дека треба да се даде на натамошно читање.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во образложението на предложените законски измени истакна дека целта е да се формира посебна Државна комисија која ќе решава претставки во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, со што од една страна ќе им се гарантира правото на жалба на граѓаните против наведените одлуки, а од друга страна ќе се овозможи поголема ефикасност, економичност и стручност во решавањето на предметите.

- Во правниот систем на Република Македонија, до сега не беше регулирано правото на жалба против одлуките за прекршок што се донесени од орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања, кога со закон е пропишано тие да одлучуваат во прекршочна постапка. Во овие случаи лицето против кое е донесена таквата одлука имаше право директно да заведе управен спор. Со таквото решение Управниот суд беше доведен во ситуација постојано да прима тужби против одлуки за прекршоци, кои се во огромен број и не може навремно да бидат решени, рече Ивановски.

Со цел да се надмине ваквата состојба, нагласи, како и да им се овозможи право на жалба на граѓаните и во одлуки донесени во прекршочна постапка пред тело кое ќе биде специјализирано за таа област и кое поефикасно ќе ги решава жалбите потребно е да се формира Државна комисија која се покажа како ефикасно решение во однос на одлучувањето во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

- Со предложеното законско решение ќе се овозможи гарантирање на правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка што ќе доведе до зголемување на ефикасноста, економичноста и стручноста во решавањето на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, рече Ивановски.

Тој посочи дека е предвидено Државната комисија да има претседател и шест члена. - За претседател се избира лице кое е државјанин на Република Македонија на кое во моментот на изборот со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет со најмалку шест години работно искуство на управни работи. За член, пак, се потребни истите услови, но неопходно е да има најмалку четири години работно искуство на правни работи. И претседателот и членовите треба да поседуваат меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постари од пет години, рече Ивановски.

Тој појасни дека во постапката по жалба пред Државната комисија против одлуките за прекршок што се донесени од прекршочен орган подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на изречената глоба. Надоместокот, истакна, за глоба до 1.000 евра во денарска противвредност,изнесува 20 евра во денарска противвредност, за глоба од 1.000 до 5.000 евра надоместок од 50 евра, од 5.000 до 20.000 евра надоместок од 100 евра, од 20.000 до 100.000 евра надоместок од 300 евра и за глоба над 200.000 евра се плаќа надоместок од 400 евра во денарска противвредност.

- Со донесување на овој закон ќе се растовари Управниот суд, а граѓаните се уште ќе имаат можност да се жалат до Управниот суд доколку не се задоволни од одлуката на Дежавната комисија, рече Ивановски.

Пратеничката Ане Лашковска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Државната комисија ќе биде специјализирано тело кое ќе ги решава жалбите по стапувањето на сила на законското решение од 1 февруари 2015 година. Со тоа, како што рече, значајно ќе се растовари работата на Управниот суд.

- Со ова решение се гарантира правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, рече Лашкоска.

Кенан Хасипи од ДПТМ посочи дека правото на жалба против одлуките изаречени од државна управа досега не беше регулирано и сите што имаа замерки на постапката мораа да се обраќаат до Управниот суд.

- Со донесувањето на ова законско решение покрај што ќе се растовари Управниот суд ќе се забрза и жалбената постапка, рече Хасипи.

Собранието едногласно одлучи на натамошно читање да се даде и Предлог законот за изменување на Законот за оссновање на Државна комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен, во прво читање.

Со измените, како што рече министерот Ивановски, на оваа Комисија и се одземаат ингеренциите што и се дваат на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Едногласно беше прифатен и на натамошно читање беше даден и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерсдкиот систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, во прво читање.

Пратеникот Љупчо Димовски од СП информира дека со Предлогот се врши допрецизирање со тоа што се дава можност за пријавите за упис на адреса на електронско сандаче поднесени од страна на субјектите до крајот на годината да им се евидентира адресата на електронско сандаче без надоместок.

- Покрај тоа се определува дека Изјавата за точноста и вистинитоста на податоците искажани во годишната сметка и финансиските извештаи е задолжителен прилог кон секоја годишна сметка и финансиски извештај, потпишана од застапникот по закон ако се доставуваат во хартиена форма, а ако се поднесуваат во електронска форма се потпишува со електронски потпис, рече Димовски.

Собранието го разгледа и Предлог законот за изменувае на Законот за железнички систем во, прво читање, и едногласно заклучи дека е прифатлив и оти може да се даде на натамошно читање.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Ниметула Халими во образложението на предложените законски измени истакна дека се предефинира превозот за сопствени потреби.

- Се дефинира дека превоз за сопствени потреби е превоз на резервни делови, репроматеријали, опрема (машини, алати, материјали и др.) наменет за вршење на дејноста на правното или физичкото лице за која е регистрирано, рече Халими. 

За организирање сопствен превоз во железницата, нагласи, фирмите ќе треба да имаат своја композиција и обучен кадар со сите безбедносни сертификати и дозвола. Тоа треба да им овозможи поевтин транспорт и поголема конкурентност.

Пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ оценија дека со измените ќе се зголеми конкурентноста на фирмите и безбедноста на железничкиот сообраќај.

- Ги поддржуваме законските измени што им овозможуваат на големите фирми да имаат превоз за сопствени потреби. Тоа значи дека цената на чинење на превозот по единица производи ќе им биде пониска, а со тоа и нивната конкурентност на домашниот и на светскиот пазар, што е и цел на сите нас, рече Благоја Деспотовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во законот, посочи, е добро регулирано кои безбедносни сертификати и дозволи треба да ги има потенцијалниот превозник и какви стручни лица треба да поседува за да може да го врши превозот.

Со Предлог законот првпат се регулира и маневрирањето, со цел преместување на вагоните од еден колосек на друг или на ист колосек.

- Извршувањето на маневрирањето на станични колосеци ќе може да се врши само со претходно одобрение издадено од управителот на инфраструктура, а начинот на маневрирање го пропишува управителот на Инфраструктурата. Маневрирање не може да се врши надвор од станица, кон отворена пруга на која е приклучен индустриски колосек, рече Деспотовски.

Собранието во рамките на денешната седница го прифати и заклучи дека може да се даде на натамошно читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за за работното време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, во прво читање.

Заменик министерот за транспорт и врски информира дека со измените на Законот се врши допрецизирање на веќе постоечките одредби како би се овозможило полесно разграничување на поимите возач, мобилен работник и возило, а со самото тоа би се овозможила поефикасна контрола од страна на надлежните инспектори.

- Овие допрецизирања се предлагаат да се воведат со цел да обезбедат не само поефикасна контрола од страна на надлежните инспектори, туку во исто време да обезбедат и точно разграничување на надлежностите на вработените лица и екипажот кај превозниците со што би се зголемила нивната безбедност, а со самото тоа и безбедноста на патиштата, рече Халими.

Со измените, нагласи, се предвидува обезбедување поголема безбедност за возачите, како и превозникот на возачите и мобилните работници да им исплаќа надомест за службено патување во странство врз основа на колективен договор.

Собранието го разгледа и едногласно го усвои Предлогот за автентично толкување на член 18 став 3 од Законот за јавните набавки, поднесен од пратеникот Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ со кој сака да е разреши дилемата дали одговрниот за спроведување на јавна набавка треба да ги наведе само позициите за кои се врши јавната набавка или за сите ставки.

Како што истакна Николовски, во појаснувањето јасно се наведува дека треба да се наведат позициите за кои се врши јавната набавка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...