Италијанската министерка за надворешни работи Могерини утре во посета на Македонија

Скопје, 24 јули 2014 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Италијанската Република, Федерика Могерини, утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Покрај средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, министерката Могерини ќе оствари средби и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со претседателот на Владата, Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Централно место во разговорите, како што се наведува, се очекува да биде процесот на проширување на Европската унија како еден од главните приоритети на тековното италијанско претседателство, во контекст на поддршката на Италијанската Република за почеток на преговорите на Република Македонија со ЕУ.

Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење. 

За време на посетата предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу  Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...