Министерот Јашари се сретна со хрватскиот амбасадор Крамарич

Скопке, 24 јули 2014 (МИА) - Министерот за правда Аднан Јашари на денешната средба со амбасадорот на Хрватска, Златко Крамарич разговарал за досегашната успешна соработка меѓу двете земји, со посебен акцент врз судството.

Министерот Јашари, како што соопшти неговиот кабинет, го информирал амбасадорот Крамарич за постапките кои се во тек, како и за реформските активности кои се превземаат во однос на обезбедувањето на ефикасноста и независноста на судскиот систем.

Честитајќи му ја новата функција на министерот за правда, амбасадорот Крамарич изјавил дека е подготвен за продлабочување на досегашната соработка. Тој истакнал дека измените и реформите кои се прават во областа на правосудството, се суштински и многу битни за процесот на евроинтеграцијата.

Министерот Јашари изразувајќи благодарност за соработката и пријателските односи меѓу двете земји, истакнал дека како член на Владата на Република Македонија, подготвен е да продолжи и понатаму со меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...