Во Прилеп одбележани 57 години од смртта на Ченто

Прилеп, 24 јули 2014 (МИА) - По повод 57-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто денеска пред неговиот споменик во центарот на Прилеп се поклонија претставници на неговото семејство, а свежи цвеќиња положија и делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борците, на политичките партии и граѓани.

- Очекувам историчарите  да се позанимаваат со поствоениот период во кој многу луѓе исто како и татко ми беа жигосани и прогласувани за предавници само поради фактот  што ја сакаа својата Македонија, изјави Марија Јакимоска, ќерка на Ченто. Таа додаде дека Прилеп отсекогаш му оддавал должна почит на нејзиниот татко.

Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека Прилеп е горд на великанот Ченто.

- Ченто е голема личност за македонскиот народ, а Прилеп се гордее што го има и секогаш ќе му се оддолжува и ќе му ја укажува должната почит на првиот претседател на АСНОМ, рече Ристески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...