Ново Село ќе ја одбележи илјада годишнината од Беласичката битка

Струмица, 25 јули 2014 (МИА) - Со голем народен собир и откривање на спомен одбележје во вторник на 29. јули во месноста Пирго, крај село Мокриево, општина Ново Село ќе ја одбележи илјада годишнината од големата Беласичка битка.

Како што изјави градоначалникот на Ново Село, Блажо Велков, одбележувањето на овој историски настан е можност да им се оддаде почит на војниците на македонскиот цар Самуил, кои пред 10 векови се бореле во овој дел на Македонија.

- Во знак на сеќавање на Беласичката битка во месноста Пирго ќе откриеме спомен одбележје, а овој настан со своето учество ќе го овеличат Воениот оркестар и Баталјонот за почести и опслужување на АРМ, рече градоначалникот Велков.

Во битката на Беласица, во клисурата Клуч, во 1014 година византискиот војсководец Василиј ја поразил македонската војската, а заробените војници ги ослепел и ги пратил кај цар Самуил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...