Пречек на македонските мировници од мисијата ИСАФ

Тетово, 25  јули 2014 (МИА) - Во касарната „Кузман Јосифоски - Питу“ во Тетово денеска се врати контигентот на АРМ од составот на првата механизирана пешадиска бригада кој учествуваше шест месеци во мисијата ИСАФ во Авганистан. Македонските мировници беа пречекани од министерот за одбрана Зоран Јолевски и од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. 

- Со своето учество во мисииите за одржување на мирот, Репуублика Македонија покажува дека е одговорен член на меѓународната заедница, кој обезбедува значаен и вреден придонес во градењето на мирот и стабилноста во светот, рече министерот за одбрана Јолевски.

Според началникот на ГШ на АРМ, Котески, АРМ во континуитет учествува во мировните операции и придонесува во градење на глобалниот мир и стабилност но, покрај тоа, со учество на вакви мисии, АРМ се стекнува со големо искуство и ја покажува нејзината интероперативност со членките на НАТО.

- Сите ние стоиме гордо исправени пред вас, бидејќи ние како војници и припадници на АРМ на најдобар можен начин ја претставивме нашата армија. Ние бевме нејзини амбасадори, гордо носејќи ја нашата униформа и знаме, истакна пред министерот Јолевски, началникот на ГП на АРМ Котески и други високи функционери од МО и од АРМ, командантот на контигентот потполковник Блаже Николовски.

Во шеснаесетата мировна ротацја на ИСАФ во Авганистан, учествувааа 151 припадник на АРМ кои беа распоредени во главната команда во Кабул. Припадниците на АРМ од механизираната чета, во изминаите шест месеци во Кабул, ги извршуваа своите задачи во рамките на контигентот на Армијата на Обединетото Кралство. Тие беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

За професионалното извршување на задачите и покажаната координираност и компатибилност со силите на НАТО Алијансата, припадниците на АРМ беа оценети со највисоки оценки поради што АРМ и понатаму има висок рејтинг во НАТО.Од мисијата во Авганистан, контигентот на АРМ се врати со два американски медали, две писма на благодарност и 300 сертификати. Следната мисија на АРМ ќе биде во 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...