Кивична пријава за непознат сторител поради бактеријата листерија

Скопје, 25 јули 2014 (МИА) - Министерството за здравство денеска ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет на производи заразени со бактеријата листерија. Министерот за здравство Никола Тодоров на прес-конференција рече дека не е задоволен од оваа ситуација во која има негативни резултати од земените мостри, а досега четири лица починаа како последица на оваа бактерија.

- Од првичните резултати коишто ги имаме добиено од испитувањата за бактеријата листерија од мострите кои се земени резултатите се негативни. Нема изолирана бактерија од производите коишто се досега испитани. Првично бевме фокусирани на испитување на млечните производите и на производите за храна на бебиња, но исто така се направени и испитувања од некои сувомеснати производи и досега сите испитувања се негативни, рече министерот за здравство.

Тодоров изрази незадоволство од целата оваа ситуација.

- Иако ова воопшто не е надлежност на Министерството за здравство не можам да прифатам ситуација во која што имаме негативни мостри, а имаме четири жртви и заради тоа како Министерство за здравство иако, повторувам, не сме директно надлежни за оваа проблематика, во текот на денешниот ден ќе поднесеме кривична пријава против непознат сторител за производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти по член 213 од Кривичниот законик, а во врска со член 217 од Кривичниот законик, имајќи предвид дека има настапено смрт на едно или повеќе лица. За ова е предвидена многу сериозна казна, потенцираше Тодоров.

Министерот додаде дека тој лично не би се согласил со казна од две, три, пет или десет илјади евра во ситуација кога во земјата има четири смртни случаи и кога може многу лесно да дојдеме во ситуација на епидемија. Затоа, појасни, се одлучивме на еден ваков чекор да поднесеме кривична пријава против непознат сторител за истражните органи да испитаат детално каде настанал проблемот, кој пуштил во промет вакви производи, дали се знаело за нив, дали биле пуштени од небрежност, дали се преземени соодветните мерки коишто се предвидени со законот, дали се преземени мерки на уништување на евентуално заразени производи.

- Имам основи за сомневање дека е можно да има некаков пропуст, дека е можно да е пуштен производ во промет којшто имал листерија и дека тоа треба да се детектира, да се најде тој што го направил тоа и соодветно да се казни. Помирен ќе бев ако имаме позитивна детекција, ако го утврдиме изворот и ако ги преземеме сите мерки против оној којшто ги пуштил во промет овие производи, рече Тодоров. 

Сите информации, вклучувајќи ги оние од центрите за јавно здравје кои детектирале присуство на бактеријата листерија пред неколку месеци, најави министерот, ќе бидат ставени во кривичната пријава што ќе биде поднесена.

- Посебно ќе бараме во кривичната пријава истражните органи да се фокусираат на: што е детектирано, дали е информирано, дали се преземени мерки за уништување на производите. Уште една работа што ја детектиравме е согласно позитивните прописи е предвидено самите производители да доставуваат мостри за испитување до центрите, а центрите кога ќе детектираат ги известуваат само производителите, да немаат обврска да ја известат Агенцијата за храна, изјави Тодоров.

Токму поради ова предложил итна измена на законот, што ќе биде доставен до Владата со кои се предвидува секоја институција, лабораторија, без разлика дали Ветеринарен Факултет, центар или институт за јавно здравје... детектира каква било бактерија меѓу кои и листерија да има обврска веднаш а најдоцна во рок од 24 часа да ја извести Агенцијата за храна, министерствата за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство и инспекторатите. - Доколку тоа не го стори да има сериозно висока парична казна за институцијата, за директорот и затворање на лабораторијата, рече Тодоров.   

Првично биле земени 20-ина мостри од производите што ги наброја Тодоров, додека досега се земени над 300 мостри, а резултатите од нив се очекуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Министерот за здравство рече дека дополнително се земени 47 мостри од продавници во градови во коишто живееле лицата што починале и оние што се заболени од бактеријата. Исто така, најави дека денеска дополнително ќе нареди да се направат подетални контроли во неколку производни капацитети и да се земат брисеви од машините во производствените капацитети за да се испита дали можеби има листерија на некоја од нив.

Листеријата може да била увезена во смрзнато месо од кое потоа се правени производи, но можнo е да е автохтона.

- На лично мое барање на Комисијата за заразни болести беше донесен заклучок со кој беше задолжена Агенцијата за храна да направи проверка и да земат мостри од сите производствени капацитетите во Македонија, од сите дистрибутивни објекти и од сите производи во сите дистрибутивни објекти, изјави министерот Тодоров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...