Излетниците може да се капат во водите на реката Пчиња кај две излетнички места

Куманово, 25 јули 2014 (МИА) - Излетниците може да се капат во водите на реката Пчиња кај две излетнички места, во близина на Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце и кај бањата во Стрновац.

Стручните екипи од Центарот за јавно здравје Куманово извршија анализа на примероците од вода од реката Пчиња, земени во близина на овие две популарни излетнички места и резултатите од испитувањата покажуваат дека во однос на микробиолошките анализи кај двата примероци не е докажано присуство на бактерии од фекално потекло.

- Во однос на физичко- хемиските анализи докажана е зголемена матност која е последица на временските прилики. Водата со ваков квалитет граѓаните може да ја користат за капање, но им препорачуваме да внимаваат посебно кај децата да не дојде до голтање на водата и секако туширање со чиста вода, вели доктор Мимоза Величковска, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Куманово.

Испитувања кои ги спроведуваат екипите на Центарот за јавно здравје се вршат неколку пати годишно со зголемен интензитет во јули и август кога и најчесто има посетители на излетничките места лоцирани покрај реката Пчиња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...