Заедничка противпожарна вежба на припадниците на АРМ и велешките пожарникари

Велес, 25 јули 2014 (МИА) - Во кругот на касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес денеска се одржа заедничка показна вежба на пожарникарите од професионалната Противпожарна Територијална Единица од Велес и припадниците на АРМ односно на Противпожарниот вод.

Беа изведени три показни вежби:гаснење пожари на пасишта, гаснење пожари во шума и гаснење пожар и извлекување на жртви од станбен објект во кои горат запаливи материи.

Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес, оцени дека денешната вежба била одлично изведена, што се должи, според него, на одличната соработка на припадниците на АРМ и велешките професионални пожарникари.

- Оваа обука е многу значајна за припадниците на АРМ за безбедноста на објектите во гарнизонот, но и за гаснење на други пожари на територијата на Општина Велес, Градско и Чашка, изјави Лепидовски.

Тој потсети дека припадниците на АРМ и во изминатите години биле голема помош за велешките пожарникари во гаснењето на големите шумски пожари во поширокиот велешки регион, а за што им се посебно благодарни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...