Одбележување на Светскиот ден за борба против хепатитис

Охрид, 28 јули 2014 (МИА) - Невладината организација „ХЕПТА“ во соработка со НВО „Опција“-Охрид и Црвениот крст-Охрид вечер со музички хепенинг ќе го одбележат Светскиот ден за борба против хепатитис-28 Јули. На плоштадот „Кај Чинарот“ во Охрид ќе настапат познати групи.

Кампањата оваа година се одвива во Охрид, како наш најголем туристички центар. Досега се реализирани повеќе активности. На 23 јули во просториите на Црвениот крст-Охрид се одржа едукативно предавање наменето за спасувачите, а следниот ден се реализира едукативно предавање наменето за лица помлади од 18 години. На 25 јули се одржа едукативно предавање наменето за лица со ризично однесување.

За време на кампањата се делат флаери со едукативна содржина и се вршат бесплатни тестирања за хепатит Ц.

Светскиот ден за борба против хепатитис е главен настан за подигање на свеста на глобално ниво, кој стана официјален ден на Светската задравствена организација (СЗО) во 2010 година. Датум за одбележување на  Светскиот ден за борба против хепатитис е 28 јули, кој е избран во чест на проф. Барух Блумберг, кој ја доби Нобеловата награда за откривање на хепатитис Б вирусот.

Оваа година кампањата се одвива под мотото „Хепатитис – Размисли уште еднаш“, со што се нагласува потребата сериозно да се размисли и да се подигне свеста за вирусниот хепатитис, за начинот на ширење на вирусот, за потребата секој да се тестира на време без ралика дали се чувствува сосема здрав, да не ги стигматизираме инфицираните...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...