Охридските комити и годинава пеш до Крушево

Охрид, 28 јули 2014 (МИА) – Членовите на охридското здружение „Илинденски марш - Христо Узунов“ и оваа година ќе бидат дел од Илинденскиот марш од Охрид до Крушево, како дел од активностите за одбележување на годишнината од Илинденското востание.

Предвидено е денеска учесниците на маршот, меѓу кои и Јохан Тарчуловски, да присуствуваат на свечена литургија и молитва за среќен пат во црквата „Св. Троица“, а рано изутрина да тргнат кон Крушево.

Маршот води преку планинските предели низ атарите на селата Куратица, Велмеј, Брежани, со ноќевање во Илинска црква. На 30 јули маршот продолжува низ селата Големо и Мало Илино, Железнец, Доленци, Брезово, Зашле, Дивјаци и Арилево.

Сите учесници на Здружението „Илиндески марш - Христо Узунов“ што ќе стигнат во Крушево ќе бидат дел од свеченото дефиле низ градот, како и на дефилето на 2 август на „Мечкин Камен“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...