Во Велес синоќа концерт одржа ансамблот на Пеце Атанасовски

Велес, 29 јули 2014 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран“ синоќа во Велес концерт одржа ансамблот на „Пеце Атанасовски“ во придружба на женската пејачка група. Оркестарот е составен од традиционални музички инструменти: гајда, кавал, тапани,тамбура и други на кои свират преработки на македонска народна музика.

Концертот беше посветен на чалгијата која ја музицира староградската музика, а во дел од концертот имаше и изворни песни од македонските села.

- Целта ни е оваа музика да ја оживееме и вратиме од заборав за новите генерации да ја слушнат и засакаат, изјави Ристе Солунски, раководителот на ансамблот кој свири гајда и кавал.

Ансамблот на Пеце Атанасовски каде што и тој учел свирење постои дваесет години, од кои десетина години не свиреле.

- Повторно заживува последниве години,а целта е да продолжи да ја популаризира изворната македонска музика од македонските села и градови.Досега има издадено еден албум,а во планови е да издаде и нов,појасни Солунски.

На синоќешниот концерт настапи и женската пејачка група составена од три, а синоќа настапија двете вокалистки, Ружица Кочовска и Инес Стаменковска Ристеска.

- Ние како и поголемиот дел од членовите на нашиот ансамбл сме аматери вљубеници во музиката освен еден член а кој е академски музичар и нашето музицирање е од љубов кон изворната народна музика. Целта ни е преку нашите настапи и концерти да ја негуваме автентичната македонска традиционална музика, изјави Инес Стаменковска Ристеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...