Од среда до сабота поројни дождови, грмежи и ветер Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Од утре попладне подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност и нестабилна воздушна маса од запад која на повеќе места ќе предизвика нестабилност со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер, силни електрични празнења и град.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со нешто посмален интензитет на грмежи, но ќе има пообилни врнежи од дожд, на места и над 30 литри на метар квадратен.
Стабилизирање на времето и пораст на температурата се очекува од сабота.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на електрични празнења без престојување на отворен простор и под осамени дрвја, а стадата да не бидат на отворено во големи групи, туку раздвоени.
|