До решение за името со конструктивност и почитување на рамката за разговори

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - До решение за прашањето за името може да се дојде само со конструктивност од двете страни и придржување до рамката во која се водат разговорите - резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Ова го истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба  во Скопје со амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за разликата околу името.

Во тој контекст, претседателот Иванов повика на почитување на меѓународното право и доследност кон меѓународно преземените обврски.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, со медијаторот  Нимиц ја разгледаа актуелната состојба во разговорите за надминување на ова прашање.

Поздравувајќи го ангажманот на амбасадорот Нимиц, претседателот Иванов ја реафирмираше државната позиција на Република Македонија и посветеноста за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.

- Како и досега, и натаму Република Македонија активно, конструктивно и со добра волја ќе учествува во процесот, со цел изнаоѓање на заемно прифатливо решение за разликата околу името, рече претседателот Иванов.

На средбата, на која присуствува министерот за надворешни работи Никола Попоски и новиот пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името Васко Наумовски, претседателот Иванов ја истакна подготвеноста на македонската страна за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот.

По средбата со претседателот Иванов, специјалниот претставник на Обединетите Нации, Метју Нимиц ќе се сретне со премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...