Попоски се сретна со Нимиц

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска го прими претставникот на генералниот секретар на Обединетите нации и посредник во спорот околу името помеѓу Република Македонија и Република Грција, Метју Нимиц.

На средбата, како што соопшти МНР, присуствуваше и претставникот на Република Македонија во процесот на преговори,Васко Наумовски.

Нимиц, како што е наведено во соопштението, ги сподели своите видувања за ефективен процес и корисност од фокусиран дијалог кон надминување на спорот околу името со јужниот сосед.

Министерот Попоски ги истакна заложбите на Република Македонија за решение и целосна посветеност на процесот.

- Македонски интерес е да го надминеме единствениот, но тежок и долготраен проблем со нашите грчки партнери, истакна министерот Попоски, додавајќи дека за да го постигнеме тоа ни треба почитување на правото и политичка волја. - Посакуваме таков сигнал да се добие и од Атина по посетата на Нимиц, подвлекува македонскиот министер за надворешни работи.

За време на посетата Нимиц беше примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а ќе има средба и со премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...