На „Охридско лето“ вечер посветена на Зографски

Охрид, 29 јули 2014 (МИА) – Со изведба на дела на македонскиот композитор Томислав Зографски во исполнение на домашни уметници, вечер во рамки на „Охридско лето“ ќе биде одбележана 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа.

Селекторот на музичката програма на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска за вечерашниот концерт истакна дека е во рамки на заложбите за вметнување на македонското музичко творештво во фестивалските програми.

- Организираме авторски концерти, настојуваме делата на нашите композитори да звучат во изведбата како на македонските уметници, така и на солистите и ансамблите од странство. Овој пат авторската вечер му е посветена на еден од најзначајните македонски музички творци Томислав Зографски, со што фестивалот се вклучува во одбележувањето на 80 години од неговото раѓање, изјави Јосифова-Неделковска.

Панда Зографска-Беличанец, претседател на Фондацијата „Томислав Зографски“ изрази благодарност до институцијата што дава внимание и простор за величање на творечкиот опус на Томислав Зографски и одбележување на тој значен јубилеј.

- Зографски е врзан за „Охридско лето“ уште од најраниот творечки период, уште од 1965 година кога на петгодишниот јубилеј на фестивалот, заедно со маестро Ловро Маточиќ ја изведоа неговата „Фантазија Корале“, истакна Зографска-Беличанец.

Инаку, Зографски е и композитор на химната на фестивалот „Охридско лето“, што се изведува на отворањето и затворањето на секое од фестивалските изданија.

Во знак на благодарност, Зографска-Беличанец на директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и предаде Повелба за почесно членство на фестивалот во Фондацијата „Томислав Зографски“, за заложбите во постигнување највисоки дострели во музичката уметност.

Концертот е закажан за 21 часот во катедралната црква „Света Софија“, а делата на Зографски ќе ги исполнуваат флејтистот Страшо Темков, мецосопранот Ирена Кавкалевска, обоистката Марина Арсова, младите надежни солисти на виолина Бојан Илкоски и Ѓорѓи Петровски, како и пијанистката Анастасија Грговска. Дел од концертот ќе биде и квартетот што го носи името на Зографски.

Маестро Страшо Темков изрази задоволство што македонските уметници имаат можноста да бидат дел од светски фестивал каков што е „Охридско лето“.

- Секој наш настап на „Охридско лето“ е посебен. Овојпат посебноста доаѓа оттаму што ќе се изведуваат дела на професорот Зографски, од неговиот широк опус, истакна Темков, заблагодарувајќи се во името на сите учесници на вечерашниот концерт што имаат чест да бидат дел од годинешната фестивалска програма.

Инаку, вечерашниот концерт посветен на композиторот Зогафски како и утрешниот концерт на уметниците од Музичката младина на Македонија ќе бидат пренесувани во живо од „Света Софија“ преку Интернет, преку линковите на веб-страницата на „Охридско лето“, HYPERLINK "http://www.ohridskoleto.com.mk"www.ohridskoleto.com.mk како и на веб-порталот HYPERLINK "http://www.idividi.com.mk"www.idividi.com.mk.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...