Владата ги достави нацрт-амандманите на Уставот до Собранието

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Седумте нацрт - амандмани на Уставот, Владата во петокот ги испратила до Собранието на Република Македонија, а тие денеска ќе им бидат доставени на пратениците.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како што информираше денеска, седница на Комисијата за уставни прашања ќе закаже за 25 август, а два дена подоцна и седница на која со 62 гласа треба да бидат изгласани. Нацрт - амандманите што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дискусија, по која Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дискусијата. Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.      

Со нацрт - амандман се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница.

Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата. Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор.

Ќе се менува името на Народната банка на Македонија во Банка на Република Македонија со еден од амандманот.

Во однос на Државниот завод за ревизија, со нацрт-амандманот се предлага тој да биде независен државен орган, а оти неговиот прв човек го избира Собранието.

Петтиот нацрт-амандман се однесува на формирање на финансиска зона, а со шестиот Владата ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП.

Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Вељаноски на средба со новинарите информираше дека очекува да бидат организирани најмалку пет дискусии за нацрт-амандманите, за што зборувал и со министерот за правда Аднан Јашари.

Се надева и посакува опозицијата до септември да се врати во Собранието и да учествува во носењето на уставните амандмани, но и на ребалансот на Буџетот и на други закони и одлуки. Вељаноски нагласува дека триесетдневниот период на јавна дискусија ќе биде можност сите засегнати страни да се вклучат со свои предлози. 

Комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на Буџетот на Република Македонија ќе расправа на седница закажана за 25 август, по што предлозите заедно со предлог-ребалансот ќе бидат вратени во Владата. Оттаму, пак, со вградените забелешки повторно ќе биде доставен до Собранието, кое се очекува да го усвои во средината на септември.

Седницата за оставките на пратениците од опозицијата Вељаноски би ја закажал по доставувањето на Извештајот за напредокот на земјата, доколку тие не се вратат во Собранието. Очекува повторно да добиеме позитивен Извештај, но со одредени забелешки.

Според Вељаноски, опозицијата треба комплетно да се врати во Собранието и СДСМ како политичка партија да испрати порака до јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...