Во Битола промовиран Зборник на трудови за традиционална музика и игра

Битола, 29 јули 2014 (МИА) - Националната установа Центар за култура-Битола одржа промоција на Зборник на трудови за традиционална музика и игра во кој се поместени научни трудови и практики од соодветниот семинар кој шеста година по ред се одржува и е во рамки на фестивалот „Илинденски денови“.

Во Зборникот се публикувани трудовите на Тимко Чичаковски „Музички артефакти за традиционалните инструменти во 19 век“, на Благица Илиќ „Имплементација на сценска адаптација во ансамбл“, трудот „Создавање збирки во минатото: почетоци на музејот“ од Даворин Трпевски, осврт за обредо пејачките жанрови од летниот календарски циклус подготви Родна Величковска, додека трудот за „Формите во македонските играорни обрасци“ го подготви Владимир Јаневски, кој воедно го претстави Зборникот.

- Младите луѓе имаат потреба за едукација и знаења кои подоцна ќе ги имплементираат во своите ансамбли. Со овој Зборник им помагаме на културно уметничките друштва и фолклорните ансамбли да можат полесно и професионално да применуваат делови од методиките и сегментите поврзани со традиционалните вредности, односно народните ора, народните инструменти, народното пеење и народните носии, посочи Владимир Јаневски, професор на Факултетот за музичка уметност на одделот за етнокореологија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Со промоцијата на Зборникот на трудови за традиционална музика и игра воедно почна неколкудневниот истоимен семинар во Битола на кој годинава учествуваат 60 студенти и поединци кои професионално или аматерски работаат во фолклорни ансамбли низ државата.

- Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ од своето формирање па до денес, посветува особено внимание на едукацијата на кадрите кои се ангажирани во процесот на негување и презентација на традиционалната музика и игра. Семинарот е востановен во 2009 година и секогаш овозможува пренесување на позитивни искуства и ние го сметаме како една од најзначајните придружни активности на фестивалот, нагласи Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...