Одбележана илјада годишнината од битката на Беласица

Струмица, 29 јули 2014 (МИА) - Со полагање букети цвеќе на спомен-обележјето на месноста Пирго, кај селото Мокриево, општина Ново Село, денеска им беше оддадена почит на загинатите и ослепени војници на македонскиот цар Самуил, кои пред илјада години беа поразени од византијскиот император Василиј Втори.

По тој повод градоначалникот на општина Ново Село, Блажо Велков во обраќањето се осврна на историскиот момент и значењето на битката на Беласица во националната историја на Македонија.

- Битката на Беласица, која на 29 јули 1014 година се одиграла на овие простори е една од најголемите битки во македонската историја,водени за освојувањена македонската териоторија. По еден милениум го чествуваме овој настан во кој биле ослепени 14 илјади самоилови војници. Ние никогаш нема да го заборавиме споменот на овој настан. Ние простуваме но никогаш не забораваме, рече градоначалникот Велков.

На денешниот народен собир на месноста Пирго,се одржа богата програма на која со изведба на македонски родолубиви песни и воени маршеви се претстави Воениот оркестар на АРМ, а баталјонот за почести изведе егзицир од воени вежби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...