Во напредна фаза изградбата на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка

Крива Паланка, 29 јули 2014 (МИА) – Изградбата на новиот плоштад кој се гради пред општинската зграда во Крива Паланка е во напредна фаза, информираа од локалната самоуправа на општината.

Во тек се завршните градежни активности од реализацијата на проектот „Изградба на плоштад со партерно уредување“ со кој се опфаќа оформување на јавниот простор пред зградата на локалната самоуправа на општина Крива Паланка со вкупна површина од 750 метри квадратни.

Плоштадот „Карпошово востание“ се уредува во најголем процент со светол гранит, а 10 проценти од површината ќе биде поплочена со темен гранит.

Во централниот дел на плоштадот со црвен и светло кафеав гранит е изработен симболот „Сонце од Вергина“. Вредноста на проектот за партерното уредување изнесува 17.869.920,00 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралениот развој и Буџетот на општината. Изведувач на градежните работи од проектот е фирмата „Цвет Компани ДООЕЛ“ од Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...