Во Битола промовиран проектот „Хераклеа – Антички центар на модата“

Битола, 29 јули 2014 (МИА) - Визуелното познавање на Хераклеа се врзува со изразот на лицата од мермерните и камените скулптури и ретките фотографии од минатото.

Проектот „Хераклеа – антички центар на модата“ е приказна во 10 епизоди за боите, материјалите и костимите од пред 20 века, посочуваат од битолската телевизија „Тера“ и Студио „Микс“, реализитори на проектот.

„Хераклеа-антички центар на модата“ настрана ја става секоја претстава за животот на Хераклеа како живот блед, без сјај и конвенционален, напротив тој ги гледа мештанитена Хераклеа и нивната уметност во услови на боја и форма полна со живот, велат организаторите на овој културен настан, составен дел на годинешниот „БитФест“.

- Чувствувајќи ја потребата цивилизациски да се приближиме до периодот од пред 20 века, понудивме приказна за материјалите и боите, за декоративните елементи, за костимите кај мажите, жените и децата, за оклопите на војниците но и за религиозните костими, информираа оранизаторите на проектот „Хераклеа – антички центар на модата“ кој наскоро ќе има и телевизиска промоција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...