Дирекцијата за заштита на личните податоци и Метаморфозис потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 29 јули 2014 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеорѓиевски и директорот на Фондацијата за интернет и општество- Метаморфозис, Бардил Јашари, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што ја потврдија одличната соработка и заедничкиот интерес за едукација и информирање на граѓаните, особено младата популација.

Меморандумот има за цел утврдување на заедничките активности во следниот период, поврзани со проектот „Час по приватност“, кој ќе се спроведе во средните училишта во Град Скопје.

- Подигањето на свеста за безбедно користење на интернетот, создавање на општество и култура на почитување на приватноста, заштитата на личните податоци, се цели од заеднички интерес, изјавија двајцата директори.

Во следниот период се очекува спроведување на заеднички активности за подигање на нивото на свеста на повеќе целни групи во воспитно - образовниот процес: ученици, родители, наставници, за потребата на почитување на прописите за заштита на личните податоци, вклучувајќи и содржини за неповредливост на домот, тајност на комуникација, тајност на писма, говор на омраза, однесување на социјални мрежи...

Имајќи предвид дека и двете институции се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење преку ширење на знаење и едукација, во соопштението од Дирекцијата за заштита на личните податоци се вели дека потпишувањето на овој меморандум додава дополнителна вредност кон креирање на демократско општество, ослободено од прекршоци кон правото на приватноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...