Три лица повредени при обид за грабеж во златарници во Дебар

Дебар, 29 јули 2014(МИА) – Три лица се повредени во обид за грабеж од страна на вооружени и маскирани лица попладнево во две златарници во Дебар, сопственост на браќата И.А. и М.А. кои се наоѓаат на главната улица во градот.

Разбојниците пукале со автоматски пушки, при што, според полициски извори повредени се сопственикот на една од златарниците, М.Е. случаен минувач дебарчанец и еден албански државјанин, кој во моментот се наоѓал во една од златарниците како купувач.

Како што соопштија од Општата болница во Дебар, М.Е. има три прострели рани, и тоа на десната рака, абдоменот и десната подколеница. Второто лице исто така дебранец, случаен минувач, има прострелна рана во пределот на десната надколеница.По дадената потреба лекарска помош транспортирани се во Клиничкиот центар во Скопје. Албанскиот државјанин има огреботина и пуштен е на домашно лекување. 

Разбојниците успеале да побегнат од местото на настанот откако насилно зеле возило кое се наоѓало на улица.

Во моментот на местото на инцидентот увид врши обвинител и истражен судија од Гостивар.

Граничните премини кон Албанија кај Дебар во моментот се привремено затворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...