Предложен новиот состав на Лустрациската комисија

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата предложи нов состав на Комисијата за верификација на фактите.

Со предлог одлуката повторно се предлага Томе Аџиев за претседател, Асан Љума за заменик за претседател на Лустрациската комисија. За членови се предлагаат Новица Велјаноски доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инжинер од Скопје, Сашко Јанев секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути новинар од Скопје, Шпенди Винца дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, Линко Бејзаровски политоколог од Пласница.

Како што соопшти претседателот на Комисијата, Зоран Илоски на конкурсот што го објави Собранието се пријавиле 32 кандидати.

Се очекува предлог одлуката да биде изгласана на Комисијата, а потоа да се најде и на дневен ред на единаесеттата седница што започнува во 13 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...