ДОМ поднесе кривична пријава против „Југохром“

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Демократската обнова на Македонија (ДОМ) во Основното јавно обвинителство - Тетово поднесе кривична пријава против металуршкиот комбинат „Југохром“  за   „загадување на животната средина и природата“ и за „загрозување на животната средина со отпадни материи“.

Кривична пријава за тие кривични дела ДОМ претходно поднесе и за „Макстил“.   
 
ДОМ денеска соопшти дека пријавата се повикува на прекршување на Законот за животна средина, член 138, став (1) за непочитување на рокот  1 април 2014 година за еколошко  прилагодување, како и на Уставот на РМ, член 43 став 2 кој што гласи „секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и природата”.

- Кривичната пријава се поднесува за загрозување на здравјето на граѓаните на Тетово и уништување на животната средина, почнувајќи од 11.7.2005 година (кога почнува да важи Законот за животна средина) до денес. Југохром не го испочитува Законот и не ги почна навремено набавките на еколошката опрема, па продолжи да загадува со несмалено темпо, не водејќи сметка за поплаките на граѓаните и укажувањата и и казните на институциите, соопшти ДОМ.

Како доказ партијата ги приложува податоците од ПМ10 од мерната станица во Тетово за последниве месеци, годишен преглед за 203 и повеќегодишен преглед од 2005 до 2013 година. - Лесно се гледа огромното пречекорување на дозволената граница од 50 мг/м3, се вели во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...