Во Македонија има 180 згрижувачки семејства, но има потреба за нови

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Децата од згрижувачките семејства денеска го посетија Аква паркот во Скопје во рамки на новиот проект на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. Волонтерите на Црвениот крст беа постојано покрај дечињата, а со нив заедно беше и популарниот пејач Даниел Кајмакоски.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој ги посети дечињата, најавувајќи го проектот истакна дека згрижувачките семејства се најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства.

- Во Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои се грижат за точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа, истакна Спасов.

Тој посочи дека целта на овој проект е преку најразлични активности на центрите за социјална работа преку директна и непосредни контакти со граѓаните да се подигне свеста, но исто така и да се информираат за значењето и можностите кои што ги даваат на згрижувачките семејства.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семејства ќе можат да го направат тоа на мејлот zgrizuvanje.gov.mk или на бесплатниот број 15505.

Во моментов, како што рече Спасов, има потреба од такви згрижувачки семејстава и образложи дека овие семејства остваруваат паричен надоместок од страна на државата, месечно од 6.500 и 8.000 денари за трошоци за покривање на згрижувањето. Но и доколку не исполнуваат услов за старосна пензија, а биле згрижувачко семејство повеќе од 5 години имаат право, после навршување на 62 години да се стекнат со постојан паричен надоместок од 8.000 денари до крајот на својот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...