Измени во Законот за семејство

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Бракот е животна заедница исклучиво меѓу само една жена и само еден маж. Регистрирана вонбрачна заедница, или кој било друг регистриран облик на животни партнерство е животна заедница исклучиво  меѓу само една жена и само еден маж. Ова го предвидува новиот нацрт-амандман на Уставот што Владата го достави до Собранието.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска изјави дека по усвојувањето на амандманите, постапка што треба да заврши до крајот на октомври, ќе следуваат измени на Законот за семејство.

- После усвојувањето на измените на Уставот ќе следат и соодветни измени на Законот за семејство во кој што ќе се дефинираат начинот и постапката за регистрирање на вонбрачни заедници во Република Македонија која што е дефинирана согласно предлог амандманот како регистрирана вонбрачна заедница помеѓу само еден маж и само една жена, рече Спасов, кој денеска беше во посета на децата од згрижувачките семејства во Аквапаркот во Скопје.

Согласно постоечкиот Закон за семејство, појасни министерот за труд, вонбрачната заедница е регулирана како заедница помеѓу маж и жена.

- Исто така со постоечкиот закон за семејство, вонбрачната заедница се дефинира, онаа вонбрачна заедница која што трае повеќе од една година при што се изнедначува со брачната заедница во поглед на меѓусебната издршка и стекнатиот имот во времето на траењето на вонбрачната заедница, рече Спасов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...