Министерот Тодоров очекува почести контроли на храната

Велес, 30 јули 2014 (МИА) - По поднесената кривична пријава за непознат сторител во врска со случајот листерија, доставени се сите докази до Основното јавно обвинителство кое ги спроведува истражните дејства, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на реконструираното Физикално одделение во Велешката болница, Тодоров, како што рече, во иднина очекува почести контроли од инспекциските служби кои се во надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Министерот најави дека ќе се преземат соодветни мерки доколку се утврди дека итната медицинска помош ненавремено реагирала по завчерашната сообраќајка на српските државјани на патот Удово - Демир Капија.

Ќе се испита и дали се точни констатациите дека бебето не било згрижено од Брза помош бидејќи лекарските екипи наводно, првично констатирале дека не е во животна опасност, а потоа било однесено со приватно патничко возило.

Сообраќајката се случи во 7 часот и 30 минути, а брзата помош пристигнала во 7 часот и 53 минути.

- Станува збор за голема сообраќајна несреќа со повеќе жртви и едно возило не може сите наеднаш да ги згрижи. Сепак, во детали ќе ја испитаме ситуацијата за да видиме дали имало доцнење на брзата помош. Ако тоа го утврдиме, ќе преземеме соодветни мерки, истакна Тодоров.

Изразувајќи задоволство од реализацијата на проектот „рурален доктор“, информира дека активностите течат согласно предвидената динамика и овозможуваат покривање огромен број граѓани кои досега немале здравствена заштита во местото на живеење.

Министерот се осврна и на реконструкциите  во Велешката болница со констатација дека лошите состојби со инфраструктурата се резултат на негрижата во здравството со децении. - Ништо со години и децении не е реконструирано во болниците во земјава. Сега се прават напори сето тоа да се среди. Во октомври ќе почне реконструкција на Одделението за трансфузуологија во Велешката болница која планираме да заврши на почетокот на идната година, рече Тодоров.

Тој очекува од 1 август сите општини во земјава да бидат опфатени со дежурство на матични лекари, проектот да профункционира како и многу други претходно најавени, по што ќе се сумираат резултатите за да се види дали се неопходни дополнителни корективни мерки.

Во врска со набавката на лекови, додаде, констатирани се одредени пропусти за што е укажано и кои не би требало да се повторат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...