Министерот Попоски се сретна со амбасадорот на Словачка, Безак

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Министерот за надворешни работи Никола Попоски и словачкиот амбасадор во Република Македонија, Мартин Безак денеска во Скопје разговараа за приоритетите и активностите на Словачка во рамки на едногодишното претседавање со Вишеградската група (Словачка, Чешка, Унгарија и Полска) од 1 јули оваа година.

Притоа, како што се наведува во соопштението од МНР, беше потврдено дека поддршката за европската и евроатлантската интеграција на сите земји од Балканот останува високо на надворешно-политичката агенда на Вишеградската група.

Амбасадорот Безак во име на словачкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак го покани министерот Попоски да учествува на традиционалниот состанок на министрите за надворешни работи на Вишеградската група и Западен Балкан, кој ќе се одржи во Братислава на 31 октомври оваа година.

Говорејќи за главните надворешно-политички приоритети - интеграциите во НАТО и ЕУ и регионалната соработка, министерот Попоски го подвлече значењето на континуираната и принципиелна поддршка која Република Македонија ја добива од Словачка во овој контекст.

Во духот на овогодишното одбележување на дваесеттиот јубилеј од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, министерот Попоски и амбасадорот Безак ги поврдија добрите македонско – словачки билатерални односи, притоа изразувајќи заемна подготвеност за нивно натамошно унапредување и продолжување на политичкиот дијалог на највисоко ниво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...