Признание за претседателот Иванов од македонската заедница во Србија

Скопје, 30 јули 2014 (МИА) - Претседателот  Ѓорге Иванов денеска од Националниот совет на македонската национална заедница во Србија доби признание „Специјална златна плакета“ за посебен придонес во зачувувањето на идентитетот на Македонците во Република Србија.

Претседателот Иванов истакна дека наградата претставува голема чест и посебно задоволство за него. - Се препознава дека сето она што го работиме во нашата држава позитивно се одразува и во нашата дијаспора. Република Македонија како до сега, така и во иднина ќе продолжи да се грижи за Македонците во дијаспората, а јас и понатаму  максимално ќе го поддржувам Националниот совет, затоа што секој успех на македонските организации во дијаспората е успех за Република Македонија, рече Иванов на средбата.

- Националниот совет на македонската национална заедница во Србија, одлучи да му го додели  признанието на претседателот, поради неговите заложби и несебичен личен ангажман за зачувување на името, честа, идентитетот, традицијата и културата на македонскиот народ во светот. Златната плакета македонскиот претседател ја добива по повод 10 годишнината од институционалното организирање на Македонците во Србија, во пресрет на  националниот празник 2-ри Август - Илинден, соопшти Кабинетот на претседателот.

- Претседателот Иванов секогаш одвојуваше време да се сретне со нас и да ги слушне предизвиците со кои што се соочува нашата организација, како и да помогне во надминувањето на истите, и ние тоа високо го цениме. Ќе продолжиме и во иднина да ги претставуваме македонските интереси и да бидеме најдобри амбасадори на Република Македонија во Република Србија“, рече претседателот на Националниот совет, Борче Величковски.

На средбата е разговарано и за севкупната состојба на Македонците во Србија, при што Величковски го информирал претседателот Иванов за нивните приоритети и предизвиците со кои што се соочуваат, како и за активностите на Националниот совет во однос на печатењето на првите буквари на македонски јазик со елементи на националната култура за прво и второ одделение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...